Најголемиот ум во светот на фудбалот го откри Мбапе и два пати го победи ПСЖ во Лига 1

Фото: Holly Allison/TPI / Shutterstock Editorial / Profimedia

За многумина фудбалски фанови името на Луис Кампос е непознато, но навивачите на Монако и Лил со воодушевуваше го изговараат неговото име. Феноменалниот Португалец кој тренерската кариера ја започна во 1992 година успеа за осум години да му „украде“ две титули на ПСЖ во Лига 1, а неговите трансфери потврдуваат дека тој е гениј.

По 21 година како тренер, Луис Кампос во 2012 година се одлучи за нови предизвици и стана спортски директор на Монако. За многумина тоа беше ризичен потез на газдата Димитиј Рибовљев, но на крајот испадна дека тоа беше вистинска одлука.
Феноменалните трансфери кои ги направи и играчите кои ги промовираше не само што му донесоа огромен профит на Монако, туку ја донесоа и титулата во 2017 година.
Кампос во Монако носеше млади и недокажани играчи и од нив правеше ѕвезди. На Рен му плати осум милиони евра, а Темуи Бакајоко го продаде на Челси за 40 милиони евра. Го откри Килијан Мбапе и е најзаслужен што сега фудбалерот на ПСЖ уште како тинејџер доби шанса во првиот тим на Монако.
Бернардо Силва го донесе на позајмица од Бенфика за потоа да го продаде на Манчестер сити за 45 милиони евра . Луис Кампос го откри и Томас Лемар за кого плати четири милиони евра, за потоа да го продаде на Атлетико Мадрид за дури 72 милиони евра.

EPA-EFE/Ian Langsdon

По авантурата со Монако, Кампос се одлучи за нов предизвик и се пресели во Лил, клубот кој оваа сезона го направи невозможносто, ја освои титулата во Лига 1 покрај пребогатиот ПСЖ.
Најзаслужни за титулата на Лил, се Џонатан Дејвид кого Кампос го донесе од Гент за 27 милиони евра, како и Бурак Јилмаз кој дојде без обесштетување.  Мајк Мањан кој беше донесен од ПСЖ за милион евра неодамна потпиша за Милан и тоа за 15 милиони евра, а згора на тоа беше избран за најдобар голман во Лига 1.
И Лил исто како и Монако профитира од трансферите кои ги направи Кампос. Го купи Рафаел Леао за шест милиони евра, а го продаде за 30 милиони. За 27 милиони евра ги купи Никола Пепе и Габриел, а Арсенал за нив двајца плати вкупно 106 милиони евра. Исто така Виктор Осимен го купи за 22 милиони евра, а го продадена Наполи за 70 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот