Најдобрите македонски кошаркари триумфираа на вториот тест против Црна Гора

Фото: kfsm.mk

После убедливиот пораз во првиот контролен меч (59:81), на вториот пријателски натпревар против Црна Гора најдобрата македонска репрезентација славеше со 65:58 во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје.

Црногорците имаа подобар почеток на вториот тест меѓу овие две селекции, во првата четвртина направија двоцифрена предност од 12 поени (20:8).

Работите за нашата репрезентација почнаа да одат во добра насока уште на почетокот на вториот период од играта, со серија од 19:4 направивме резултски пресврт.

Играчите предводени од македонскиот селектор Драган Бајиќ поведоа со 27:24. Во тие 15 минути, имавме 40% на реализација во шутот за три поени (4/10). Две минути подоцна имавме и највисоки (34:27). А одличната втора четвртина во која реализиравме 30 поени ја завршивме со предност од (38:31). Џејкоб Вајли ги погоди сите пет обиди од поле, имаше 10 поени.

Фото: kfsm.mk

Во вториот дел одново двете репрезентации си „разменија“ по една четвртина. Црна Гора го реализираше третиот период во своја корист со (17:11) доволно да се доближат до егал резултат. По три одиграни четвртини, Македонија водеше минимално (49:48).

Во оној последниот период, одигравме навистина добро во одбраната. Им дозволивме на Црногорците да реализираат само шест поени за осум и пол минути. Доволно да имаме предност од (61:54).

Освен Вајли, во вториот дел, до двоцифрен ефект стигнаа и Мекиќ (12) и Магдевски (10 поени). По реализацијата на Вајли (негов 15 поен), имавме плус од девет поени (63:54). Недостижни за противникот, и голем плус за нашиот сениорски состав во пресрет на продолжението на подготовките за настап во претквалификациите за Светскиот Куп во 2023 година. На овој натпревар, во официјалниот записник во нашата селекција ги немаше Лејсон Зекири и Валмир Какруки.

МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА 65:58 (8-20; 30-11;11-17; 16-10)

МАКЕДОНИЈА: Крстевски 0, Ефремовски -, Трајковски 8, Стајиќ 6, Николов 4, Марковски 5, Робев 2, Магдевски 10, Мекиќ 12, Андоноски 3, Миловановиќ -, Вајли 15, Симиќ -;

Видео на денот