Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ собори уште еден рекорд

Новак Ѓоковиќ/фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ денеска собори уште еден рекорд, откако по победата против Лоренцо Музети во третото коло на Монте Карло стигна до првото место по процент на освоени мечеви на турнирите од мастерс серијата.

Откако во 1990 година почнаа да се играат турнири од серијата 1.000, Ѓоковиќ одигра 489 мечеви и победи 402 пати, што е процент на успех од 82,2 отсто.

Денешната победа му овозможи да го надмине Рафаел Надал, кој има учинок од 406 победи и 88 порази на мастерсите, што значи дека победил во 82,1 отсто од своите мечеви.

На третото место е Рожер Федерер со 77,91 отсто победи, потоа Андре Агаси со 74,11, Пит Сампрас со 73,08, Стефан Едберг со 72, Енди Мареј со 69,51, Томас Мустер со 69,18 и Енди Родик со 69,16 отсто.

Овие податоци јасно покажуваат колку навистина е импресивна доминацијата на Ѓоковиќ на мастерс турнирите во споредба со неговите легендарни ривали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот