Најдобриот стрелец во Супер лигата потпиша за Тинекс Пролет

фото: rkprolet.mk

Давор Палески е првото засилување на Тинекс Пролет за новата натпреварувачка сезона, откако успешно беа завршени преговорите за ангажман на најдобриот стрелец во Супер-лигата минатата сезона.

Палески денеска го стави потписот на договорот со Тинекс Пролет, решавајќи да остане во Скопје по одличната ланска сезона што ја имаше во дресот на Работнички.

Левото крило постигна 190 гола на 17 натпревари за овој клуб, на негова адреса летово пристигнаа неколку интересни понуди, за на крајот да го избере токму Тинекс Пролет за следна дестинација во кариерата.

Станува збор за играч кој е поранешен кадетски и младински репрезентативец на Македонија. Палески беше дел од составот на младинците кои стигнаа до одличното шесто место на СП во Алжир. Пред Работнички, го носеше и дресот на Металург, екипа за кој настапуваше и во Лигата на шампионите.

Задоволни сме што успеавме да доведеме квалитетно засилување кое ќе ја крене играта на Тинекс Пролет на едно повисоко ниво. Го задржавме речиси целиот тим од ланската сезона, а со дополнителното засилување остануваме на вистинска патека и очекуваме пласман во плејофот – рече директорот на Тинекс Пролет, Сашо Огњановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот