Најава за голем трансфер, Салах ја „здрма“ Шпанија

Дали Мадрид е следната станица во кариерата на Салах/ фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Египетскиот репрезентативец и член на Ливерпул, даде интервју за „Марка“.

Ѕвездата на Ливерпул во пресрет на четвртфиналната пресметка во Лигата на шампионите со Реал Мадрид даде интевју за „Марка“ и  притоа истакна дека не ја исклучува можност еден ден да заигра во Ла Лига.

Салах пред три години беше дел од големото финале во Лигата на шампионите кога според голем дел од фановите и медиумите беше намерно фаулиран од Серхио Рамос и поради тоа новинарите ги интересираше дали тој ќе има посебна мотивација за престојната пресметка со „кралевите“ и капитенот.
– Тој натпревар е минато, воопшто не размислувам за него. Размислувам единствено за тимот и сегашноста. Сите сме фокусирани на тоа и секој од нас сака да победи. Тоа е се – изјави Салах кој смета дека актуелниот тим на Реал Мадрид не е истиот од 2018 година кога играа во големото финале.
– Тоа е потполно различно. Немаат повеќе играчи како Кристијано Роналдо, кој е најдобриот во историјата на фудбалот,кој исто така постигна многу голови. Од друга страна, го донесоа Азар кој немаше среќа со повредите, но дефинитивно Реал Мадрид не е истиот тим.

Салах во интервјуто открива кој му е омилениот играч на Реал Мадрид како и што мисли за Зинедин Зидан.
– Еден Азар. Со него имам најдобар однос, тој остави длабока трага во Челси, но во овој момент нема среќа. Добар сум со Лука Модриќ, со кого се сретнавме неколку пати. Зидан е голм тренер кој освои три титули во ЛШ и сега во вториот мандат работи одлична работа. Тој ми беше еден од идолите во детството.
Египетскиот репрезентативец на крајот беше запрашан дали на лето ќе си замине од Ливерпул, а неговиот одговор ги фрли во транс фановите во Шпанија.
– Зашто да не? Никој не знае што ќе се случува во иднина. Можеби еден ден ќе заиграм во Шпанија – изјави Салах.
Првиот натпревар помеѓу Ливепрул и Реал Мадрид во четвртфиналето од ЛШ се игра на 6. април, а реваншот е закажан за осум дена подоцна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот