Екипата на Интер влезе во резултатска криза и веќе на трет едноподруго натпревар не успева да победи во Серија А. Овој пат „нероаѕурите“ одиграа само 1:1 против Каљари и тоа на домашен терен.
Главен виновник што Интер не успеа да слави е токму поранешниот играч на тимот од Милано, Раџа Наинголан кој во 78. минута го постигна израмнувачкиот гол за Каљари. Претходно Лаутаро Мартинез во 29. минута му донесе водство на Интер.