Нагорно Карабах останува воена зона: Турција е подготвена да испрати војска во Азербејџан

Фото: EPA-EFE/Yahya Nemah

Турција нема да размислува да испрати војници и да даде воена поддршка на Азербејџан, доколку Баку се обрати со такво барање до Анкара, изјави турскиот потпретседател, Фуат Октај.

Тој за „Си-Ен-Ен Турк“ рече дека Азербејџан досега не побарал помош од Турција во борбите со етничките Ерменци во областа Нагорно-Карабах.

Ерменскиот премиер, Никол Пашинјан претходно истакна дека дипломатските напори за решение на конфликтот во Нагорно-Карабах се исцрпени.

Турција вети целосна солидарност со Азербејџан и ја обвини Ерменија за окупација на азербејџанска територија.

Октај во интервјуто упати критики и за Минск групата на ОБСЕ што ја предводат Русија, Франција и САД поради наводни обиди за задржување на нерешена ситуација во Нагорно-Карабах и за политичка и воена поддршка на Ерменија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот