Надал веќе е во победнички ритам, на полуфиналистот од УС Опен му препушти само два гема

epa08674112 Rafael Nadal of Spain hits a backhand in his second round match against Pablo Carreno Busta of Spain at the Italian Open in Rome, Italy, 16 September 2020. EPA-EFE/Riccardo Antimiani / POOL

Шпанецот Рафаел Надал се врати на тениските терени по пауза од шест месеци и веднаш покажа зашто е крал на земјените терени.

Вториот тенисер на АТП ранг листата во второто коло на Мастерсот во Рим го декласира полуфиналистот од УС Опен, Пабло Карењо-Буста препуштајќи му само два гема, по еден во двата сета.
Надал во третото коло го очекува подобриот од дуелот меѓу Милош Раониќ и Душан Лајовиќ.

Успешен настап на стартот на Мастерсот во Рим имаше и Гриигор Димитров кој на Јапонецот Нишиока му препушти само еден гем.
Кај дамите, Каролина Плишкова на совлада Барбора Стрицова со 6:3,6:3 и во наредното коло ќе игра против Блинкова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот