Надал го преживеа Шаповалов, Циципас ќе го предизвика Ѓоковиќ

По голема борба и две спасени меч топки, Рафаел Надал успеа да се пласира во четвртфиналето на Мастерсот во Рим. Шпанецот во третото коло го совлада Денис Шаповалов со 3:6,6:4,7:6.
Надал до победата дојде со пресврт и со две спасени меч топки. Шаповалов водеше со 6:3,3:1, но Шпанецот успеа да освои четири гема во серија и да дојде до 6:4 и мечот да го однесе во одлучувачкиот трет сет.
Во него, Шаповалов при водство од 6:5 во гемови,имаше меч топка но не ја искористи и во тај брејкот, Надал успеа да го надигра младиот Канаѓанец и да се пласира во четвртфиналето. Нареден противник на Надал ќе му биде подобриот од дулот Александар Зверев – Кеи Нишикори.
Стефанос Циципас ќе му биде противникот на Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето на Мастерсот во Рим откако во третото коло во два сета го победи домашниот тенисер, Матео Беретини и тоа со 7:6,6:2.