Над 50 отсто од моментните инфекции во Австрија се последица на мутации

Ковид тест
Ковид тест, илустрација / Фото: EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Повеќе од пола од сите нови инфекции со коронавирусот во Австрија во моментот се предизвикани од новиот сој.

– Мутациите, бидејќи се посилни, се чини дека многу брзо се наметнуваат, истакна денеска министерот за здравство, Рудолф Аншобер.

Тој потсети дека Австрија е единствената земја во Европа што ги испраќа сите позитивни ПЦР тестови за секвенционирање со цел да се утврди дали станува збор за нов вид.

Како успех, министерот го окарактеризира фактот дека вакцинацијата во домовите и грижата за стари лица е при крај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот