Националното обвинителство за борба против тероризмот ќе ја води истрагата за нападот во Париз

Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Француското Национално обвинителство за борба против тероризмот соопшти дека отвори истрага за обид за убиство во врска со терористички потфат и злосторничко терористичко здружение, јави дописникот на МИА од Париз.

Истрагата им е доделена на Регионалната дирекција на судската полиција на Париската префектура (DRPJ) и Генералната дирекција за внатрешна безбедност (ДГСИ).

Јавниот обвинител на Париз Реми Хајц, потврди дека две лица се повредени во нападот и дека напаѓачот е уапсен. Уапсено е и уште едно второ сомнително лице за негова можна вмешаност во атентатот во близина на метрото Ришар Леноар. Во меѓувреме се отстранети сомневањата за сомнителниот пакет, за кој се сомневаше дека е бомба.

Двајцата повредени се маж и жена задолжени за производство во новинската агенција Премиер Лињ (Прва линија), чии простории се во непосредна близина на поранешните канцеларии на „Шарли Ебдо”. Двајцата повредени се во тешка здравствена состојба.

? Live pictures from Paris after knife attack near the former office of Charlie Hebdo

? Live pictures from Paris after knife attack near the former office of Charlie Hebdobit.ly/2GdM18o

Publiée par Euronews English sur Vendredi 25 septembre 2020

Според информациите, напаѓачот ги нападнал  на улицата „Никола Аперт”, пред нивната канцеларија, најверојатно со касапски нож, кој го оставил на местото на нападот и побегнал кон метрото. Тој бил уапсен на скалите на операта „Бастилја”.

Нападот се случи за време на судењето за вмешаните во терористичките напади против редакцијата на „Шарли Ебдо” и супермаркетот „Хипер Кашер”. Пред неколку дена под итна постапка беше евакуирана директорката за човечки ресурси на „Шарли Ебдо” откако добила директни закани.

Уапсен напаѓачот со нож во Париз

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот