Уапсен напаѓачот со нож во Париз

Во нападот што утринава се случи на местото каде им се оддава почит на жртвите од нападот на неделникот Шарли Ебдо, односно поранешното седиште на весникот, потешко се повредени две лица, јави дописникот на МИА.

Околу местото на нападот е воспоставен безбедносен периметар, сите училишта ги затворија вратите според безбедносните мерки од планот Вижипарат, односно станува збор за оебезбедување на неколку илјадници деца од 11-от, 3-от и 4-от арондисман на Париз.

Напаѓачот е уапсен на скалите на операта на Бастиља, кој нападнал тројца велосипедисти од кои двајца биле потешко повредени. Тој го оставил ножот на местото на нападот, а при апсењето напаѓачот бил во крв.

Tри лица нападнати во Париз

 

Прочитајте и...  Новинарот на Слободен печат Тони Димков, еден од добитниците на наградата 13 Ноември

Поврзани вести

Илјадници полицајци ќе го следат спроведувањето на мерките во Германија

Илинка Иљоска

Фаучи: Првата вакцина против коронавирус во САД ќе биде достапна во декември или јануари

Слободен печат

Задолжителни маски за децата од шест години меѓу рестриктивните мерки во Франција која од полноќ е во карантин

Илинка Иљоска

Косово побара помош од ЕУ за ослободување на заробеник осомничен за воени злосторства

Илинка Иљоска

Шахпаска: Продолжуваме да ја подигнуваме јавната свест за ракот на дојка

Слободен печат

Драма во Германија: Автомобил удри во група луѓе, 12-годишно момче загина

Слободен печат

Остави Коментар