На талибанците не им значи Светиот месец Рамазан, не го прекинуваат огнот

Офанзива на талибанците. / Фото: ЕПА

Портпаролот на талибанците Сухаил Шахин на Твитер напиша дека прекинот на огнот е можен ако мировниот процес се спроведе во целост. 

Талибанците го отфрлија повикот на авганистанската Влада за прекин на огнот за време на муслиманскиот свет месец Рамазан и да им дозволат на властите да се фокусираат на борбата против коронавирусот.

Надежи за ставање крај на војната во Авганистан се појавија кон крајот на февруари кога талибанците и САД постигнаа договор за повлекување на странските сили предводени од САД во замена за безбедносни гаранции за талибанците.

Но договорот не вклучуваше прекин на огнот, за кој требаше да преговара владата, која ја поддржуваат САД, со бунтовниците.

Портпаролот на талибанците Сухаил Шахин на Твитер напиша дека прекинот на огнот е можен ако мировниот процес се спроведе во целост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот