На превозниците им требаат свежи пари, сите треба да понесат дел од товарот

Украинските погранични власти само им соoпштиле на возачите дека имаат пет минути да ги спакуваат личните работи и да ја напуштат државата, но без камионите и стоката натоварена во нив.

– Сите сме со приватен капитал, како и банките и осигурателните компании, кои треба да поднесат дел од товарот и да бидат општествено одговорни, а не се уште да размислуваат како да си го обезбедат профитот покрај пропаѓањето на сите други, посочува Муратовска.

Генералниот секретар на Асоцијацијата на камионски превозници Билјана Муратовска, вели дека компаниите кои се занимаваат со транспорт во моментов се соочуваат со големи предизвици. Од една страна економската криза од друга страна откажувањето на шоферите да возат поради притисокот на нивните семејства да не се изложуваат на ризик да се заразат со корона вирус.

Таа додава дека нивните жени и деца се отфрлаат од општеството единствено затоа што сопругот, односно таткото, е возач и потенционален преносник на вирусот.

Таа порачува дека како што се жртвуваат превозниците, тоа треба да го направат сите, со преземање на максимални мерки на безбедност, а сите оние кои се со високи профити да ја покажат својата хуманост и совесност и да бидат опшествено одговорни.

– Со воведување на зелен коридор и исполнување на условите за побрз проток на граничните премини имаме надеж за зголемување на бројот на превози што ќе овозможи обезбедувања средства за одржување дневна ликвидност и опстанок на превозните трговски друштва во државата, наведува Муратовска.

Мерките кои ги презема Владата, посочува таа, благо речено нема да помогнат многу затоа што во оваа фела се потребни свежи пари за да се одржува тековна ликвидност, да се платат возачите кои ризикуваат и се движат по патиштата под многу отежнати услови.

Според неа, неразбирливо е зошто Владата не донесе декрет за стопирање на наплата на камата за одреден грејс период. – И ние сите сме со приватен капитал, како и банките и осигурателните компании, кои треба да поднесат дел од товарот и да бидат општествено одговорни, а не се уште да размислуваат како да си го обезбедат профитот покрај пропаѓањето на сите други, посочува Муратовска.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот