Фото: Министерство за внатрешни работи
Фото: Министерство за внатрешни работи

На охриѓанец му го одзедоа „БМВ“-то, откако полицијата го фати дека вози и покрај забраната

Денеска во 17 часот на улицата „Железничка” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид сопреле патничко возило “бмв“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(44) од Охрид, а по извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал со впишана заштитна мерка „забрана за управување со моторно возило од Б категорија”. Известен е јавен обвинител, возилото е одземено и по документирање на случајот, против Ј.С. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување со моторно возило”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот