Јелена Томашевиќ / Фото: Инстаграм/Јелена Томашевиќ/Алекс Дмитровиќ

На Јелена Томашевиќ ѝ се слошило среде концерт, била итно пренесена во болница

Концертот на Јелена Томашевиќ во Домот на културата во Бар, организиран по повод 8 Март, бил ненадејно прекинат откако на пејачката ѝ се слошило за време на настапот.

Томашевиќ успеала да изведе една песна пред полната сала, а за време на втората почувствувала силна слабост и клекнала на сцената. Членовите на бендот веднаш ѝ помогнале да се повлече, по што реагирала Итната медицинска помош и таа била пренесена во болница. Публиката била информирана дека концертот се прекинува поради здравствени причини.

Од Општина Бар излегоа со официјално соопштение во кое наведоа дека, по укажаната лекарска помош, пејачката се чувствува добро и нејзината состојба е стабилна. Воедно упатија благодарност до службата за Итна медицинска помош и до докторките кои се нашле во публиката и веднаш помогнале, како и до присутните за разбирањето.

За состојбата се огласи и нејзиниот сопруг, актерот Иван Босиљчиќ, кој изјави дека во деновите пред концертот Томашевиќ имала вирус и блага малаксаност. И покрај тоа, од почит кон публиката решила да настапи, но поради здравствената состојба не можела да го заврши концертот. Тој нагласи дека најважно е што таа сега е добро и се радува на следната средба со публиката.

ФОТО | „13 години убавина со тебе“: Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ имаат повод за славење

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот