Плакат за изложбата во Кавадарци

На изложбата „Русалии – Танц и традиција“ русалиската традиција е претворена во моќна визуелна стрип-нарација

Во Галеријата при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци на 17 март, од 12 часот, ќе биде отворена изложбата „Русалии – Танц и традиција“ на младиот илустратор Димитри Балојани.

Со изложените дела авторот покажува дека традицијата како наследство од минатото е живо културно ткиво кое постојано добива нови форми и нови гласови.

Димитри Балојани ја претвора русалиската традиција во моќна визуелна стрип-нарација. Низ динамични панели и внимателно изградена драматургија, пред посетителот оживува приказната за Русалиите – древниот обред исполнет со движење, митологија и симболика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот