На Германија и претстои долг пат до нова влада

Влада во Германија/ Фото: МИА

 По парламентарните избори одржани вчера, Германија ја чека долг пат до формирање нова влада, најверојатно од тричлена коалиција.

Големата коалиција, која повторно би се состоела од ЦДУ/ЦСУ и СПД, според анкетите, е влада поддржана од само осум проценти од Германците. Меѓутоа, поради кризата, се уште е можна таа варијанта, но ЦДУ постојано нагласува дека никогаш не сака да биде помал партнер на СПД.

По изборите и СПД и ЦДУ/ЦСУ најавија дека планираат да формираат влада.

Со оглед на тоа што СПД, според сегашните резултати, е победник на изборите, може да формира влада со Зелените и ФДП.

Таква коалиција „семафор” е нешто што Зелените би го поддржале, но не е сигурно дали ФДП би влегла во таква влада. Имено, ФДП е партија која доби големи донации од индустријалци, а тоа би било во судир со Зелените, пред се.

Можна е и коалиција „Јамајка”, со која би се избегнал канцелар од редовите на СПД.

На последните парламентарни избори во 2017 година, таквата коалиција, која ја сочинувале ЦДУ/ЦСУ, Зелените и ФДП, пропаднала откако шефот на либералите се повлече од коалициските преговори.

По овие избори, ФДП сигнализираше подготвеност за таква соработка, и овојпат Зелените може да бидат одлучувачки фактор.

Во секој случај, Зелените и ФДП ќе играат важна улога, без која СПД и ЦДУ/ЦСУ нема да можат да формираат нова влада во Берлин.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот