Дипломатски хуманитарен базар во Скопје/Фото: Фејсбук

На дипломатски хуманитарен базар се собираа донации за подобра хигиена во две училишта

По повод Светскиот ден на детето, денеска во хотелот „Мериот“ во Скопје се одржа Дипломатски хуманитарен базар под покровителство на амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер.

Настанот, кој привлече голем број посетители, имаше за цел собирање средства за подобрување на хигиенските услови во две основни училишта, за сите ученици, вклучително и децата со попреченост.

На настанот беше посочено дека иницијативата е од исклучителна важност за заедницата и дека дипломатската заедница заеднички придонесува кон создавање на подобри и подостојни услови за развој на децата.

Голем број амбасади имаа свои штандови, каде што посетителите можеа да ги пробаат традиционалните јадења од различни земји, како и да купат автентични подароци, ракотворби, приврзоци и други уникатни предмети. Меѓу учесниците беа амбасадите на Австрија, Германија, Италија, Шпанија, Турција, Јапонија, Кина, како и Делегацијата на Европската Унија и Институтот „Конфучие“.

За децата беше подготвена и специјална детска музичка програма, а гостите имаа можност да купат билети од 200 денари и да учествуваат во наградна игра со вредни подароци, меѓу кои авионска карта за Истанбул со Turkish Airlines, престој во луксузна соба во хотел „Ликам“ со масажа и вечера со свеќи за двајца, 3D принтер, дизајнерски часовник од македонско-австриски бренд и други изненадувања.

Настанот беше збогатен и со музички точки, каде изведувачи претставија македонски традиционални ора и танци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот