На „Блато” запленети вкупно 370 килограми марихуана наменети за пазарот во земјава

Оттаму информираат дека истрагата продолжува во соработка со македонската полиција со цел да се идентификуваат сите лица вмешани во трговијата со дрога од двете страни на границата.

Албанската полиција доцна вечерва соопшти дека количината на запленетата марихуана на граничниот премин „Блато” на албанско-македонската граница кај Дебар е многу поголема од количината за која информираа медиумите.

– По целосното мерење на запленетата дрога утврдено е дека во камионот кој беше контролиран на преминот „Блато” откриена е количина од 370 килограми. Дрогата беше откриена при излез од албанска територија во камион марка „мерцедес” со албански сообраќајни ознаки, со лого на производител на мебел, управувано од лицето Флориан Алимани(26) од пограничното  село Долно Ѓурица. Крајната дестинација била Северна Македонија, стои во вечерашното соопштение од полицијата.

Оттаму информираат дека истрагата продолжува во соработка со македонската полиција со цел да се идентификуваат сите лица вмешани во трговијата со дрога од двете страни на границата.

Дрогата е откриена при втората контрола, а била скриена во посебен простор поставен над подот на возилото. Била натоварена во Пешкопеја.

Според полицијата, успешната акција е резултат на засилените контролни мерки со цел спречување секаков обид за шверц на дрога и спречување на било какви  меѓугранични криминални дејствија.

Ова е најголема количина на дрога запленета на двете страни од овој граничен премин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот