МЗТ во финишот го „скрши“ отпорот на Борац

druga.aba-liga.com/Petr Stojanovski

Денеска во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром во дербито на четвртото коло од АБА2 лигата го совлада Борац Чачак со 76:69 (18:11, 20:28, 19:22, 19:8).

За нашиот првак најефикасни беа Д. Стојановски со 16 поени (седум скокови) и Џ. Хиндс со 15 поени (четири асистенции).

Кај српската екипа Б.Т. Џонс со 22 поени 910 скокови), следен од Р. Ѓокович со 11 поени и Н. Кочовиќ со 10 поени (по четири скокови и асистенции).

Ова е четврта победа по ред од почетокот на сезоната за „металците“ и со новите два бода се зацврстија на првото место на табелата, сега еден повеќе од Борац и Сутјеска кои се на делба на второто место.

Наредниот меч „штрковите“ предводени од тренерот Ѓорѓи Кочов во регионалното натпреварување ќе го имаат на 31 октомври на гостински терен во Црна Гора против Сутјеска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот