Рутинска победа за МЗТ Скопје над Вардар, Пелистер се мачеше против ФМП

Фото: МЗТ

Пo натпреварите во АБА2 лигата кошаркарите на МЗТ Скопје се вратија на победите во домашното првенство.

Во рамките од 21. коло клубот од Аерофром славеше победа над градскиот ривал Вардар со 86:78. Заморот беше видлив, па поради тоа тренерот Атанасов им даде шанса на кошаркарите со помала минутажа, а тие возвратија со сигурна игра и заслужена победа која за нив беше 17-та оваа сезона.

МЗТ беше подобар во три од четирите четвртина, Вардар беше поефикасен само во третата која ја доби со 22:25. Аеродромци во останатите ги користеше грешките на противникот и го контролираше резултатот.

Најефикасен на мечот беше Вајрам од Вардар кој уфрли 26 поени, додека Фуцет за МЗТ го заврши натпреварот со 19.

Пелистер вечерва имаше многу потешка задача од очекуваното во 21. коло во Првата кошаркарска лига на Македонија. Битолчани иако беа големи фаворити на домашен терен се мачеа против ФМП Академија, но на крајот сепак успеаја да стигнат до триумф од 98-89.

Маслинко со 31 поен беше убедливо најдобриот поединец во таборот на победникот, додека кај поразените Џастин Робертс постигна ист број на поени.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот