МЗТ Скопје испушти победа над Ловќен во АБА2 лигата

druga.aba-liga.com/pavle simovic

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром пропуштија одлична можност да се вратат со победа од гостувањето кај Ловќен во рамките на АБА2 лигата. „Металците„ во последната четвртина имаа дури девет поени предност (54:63) но крајот триумфира домаќинот со 73:69 и му го нанесе третиот пораз на македонскиот шампион во 11. коло.

МЗТ Скопје Аеродром имаше неверојатна серија во второто полувреме, во финишот на третата и првата половија од четвртата четвртина кога направи серија од 26:7 и кога се чинеше дека победата е на дофат се случи невиден пад во играта кој домашните кошаркари знаеја да го искористат. „Металците“ промашија дури 10 слободни фрлања, но и непрецизниот шут за три поени во одлучувачките моменти од натпреварот.

Милутин Ѓукановиќ со 23 поени беше прво име во победничкиот табор, додека Врбица постигна 12, а Хаџибеговиќ 11 поени. Кај „металците“ капитенот Дамјан Стојановски мечот го заврши со 20 поени, додека Херис и Хиндс уфрлија по 12.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот