МЗ: Зголемување на платите на здравствените соработници ќе почне од јуни - Слободен печат

МЗ: Зголемување на платите на здравствените соработници ќе почне од јуни

Од Министерството наведуваат дека здравствените кадри првпат во постоењето на државата добиваат толку зголемувања на платите и бенефиции и се инвестира во подобрување на нивниот статус

Дополнително зголемување на платите од пет отсто ќе добијат и здравствените соработници во јавното здравство. Зголемувањето на платите на здравствените соработници ќе почне од јуни, соопшти попладнево Министерството за здравство.

Јавното здравство во текот на 2019, и со тоа што ќе следи во тековнава година, посочуваат од Министерството, добива рекордно зголемување на платите во сите сектори.

Од Министерството наведуваат дека здравствените кадри првпат во постоењето на државата добиваат толку зголемувања на платите и бенефиции и се инвестира во подобрување на нивниот статус.

Вложувањето во здравствените кадри, како што се потенцира, е со цел да се мотивираат и јавното здравство да има квалификуван и професионален медицински кадар што е еден од основните услови за квалитетно здравство.

Прочитајте и...  Шешов: Истражувањата одат кон тоа да се предвиди очекуваната земјотресна магнитуда во одредено жаришно подрачје

Зголемувањето на платите е само една од промените што се направени во изминатиот период. На целосното вложување во човечкиот капитал се поврзуваат и најновите измени и дополнувања во Колективниот договор за здравствена дејност. Со овие измени се направи значително зголемување на коефициентот на сложеност, а се зголеми и додатокот на плата за дежурства. Основната плата на лекарот специјалист е зголемена за 40 отсто, на медицинските сестри до 23 отсто, на општите лекари 25 отсто и 15 отсто на останатите здравствени соработници, заклучно со февруари 2020 година, истакнуваат од Министерството.

Информираат дека со цел подобрување на здравствените услуги и зајакнување на капацитетите на јавното здравство во изминатите две години дадени се повеќе од 5.000 согласности за вработувања во јавното здравство.

Прочитајте и...  Нема жртви во ракетниот напад врз Амбасадата на САД во Багдад

Покрај зголемувањето на платите, капацитетите на јавното здравство се зголемуваа и со подобрување на условите за работа во секоја јавнa здравствена установа. Министерството за здравство и годинава продолжува да инвестира во човечкиот капитал и целосно во здравството, затоа што само со професионалност и квалитетна работа, пациентите ќе добиваат врвна здравствена нега, додаваат од Министерството за здравство.

Прочитај повеќе

Рамчиловиќ: Да продолжиме кон она што се гледа – интеграција, стабилна и просперитетна држава

Слободен печат

Администраторот на „Јавна соба“ е тинејџер: Групата изгуби контрола, не може да се избрише

Слободен печат

Цветковиќ: Што поскоро да се направи подзаконски акт за регулирање на механизмите за превенција од насилство

Слободен печат

Чадиковски: Без силна МРТВ ќе нема медиумски реформи

Слободен печат

Бил Гејтс ќе донира 10 милиони долари против ширење на коронавирусот

Слободен печат

Случајот „Брајант“: Густа магла за време на летот, проблеми настанале над Зоолошката градина

Слободен печат

Остави Коментар

9 + seventeen =

Прочитај повеќе

Мерки за институционално справување со загадувањето и климатските промени

Слободен печат

Познати сите жртви во хеликоптерската несреќа во која загина Брајант (ФОТО)

Слободен печат

Андоновиќ: Исходот од изборите во поранешните југословенски републики ќе ја трасира иднината на Балканот

Слободен печат

Стејт департментот бара Ирак да ги заштити дипломатските институции на својата територија

Слободен печат

Шешов: Истражувањата одат кон тоа да се предвиди очекуваната земјотресна магнитуда во одредено жаришно подрачје

Слободен печат

ИНЦИДЕНТ ВО ИРАН: Авион се лизна од пистата, нема повредени (ВИДЕО)

Слободен печат