МВП наградата во НБА повторно во рацете на Адетокумпо

фото: твитер

Кошаркарот на Милвоки бакс, Јанис Адетокумпо втора година по ред е прогласен за најдобар играч во регуларниот дел од НБА лигата, објави новинарот на ЕСПН, Адријан Војнаровски.

Во најтесниот круг на кандидати за МВП наградата беа уште ѕвездата на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс и најдобриот стрелец во лигата, Џејмс Харден од Хјустон.


Екипата на Милвоки бакс благодарение на Адетокумпо имаше најдобар скор во регуларниот дел, но во плеј-офот загуби во втората рунда, односно во полуфиналето на Источната конференција од Мајами хит со 4:1 во победи.

Адетокумпо во регуларниот дел од сезоната просечно постигнуваше по 29.5 поени, 13.6 скокови и 5.6 асистенции, додека во плеј-офот неговите бројки беа 26.7 поени, 13.8 скокови и 5.7. асистенции по натпревар.

Покрај грчкиот кошаркар, по два пати МВП признанието го добивале уште и Боб Петит, Карл Мелоун, Тим Данкан, Стив Неш и Стеф Кари. По три МВП титули имаат Меџик Џонсон, Лери Бирд и Мозес Мелоун, додека Вилт Чембрлен и Леброн Џејсм имаат по четири. Бил Расел и Мајкл Џордан пет пати биле најдобри играчи во НБА лигата, а рекордер е Карим Абдул-Џабар со шест признанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот