Мурињо не се откажува од трофеите: Колку време им требаше на Клоп и Ливерпул?

фото: твитер

Португалецот кој седи на клупата на Тотенхем е убеден дека со лондонскиот тим ќе освојува трофеи.

Мурињо го презеде Тотенхем во ноември минатата година кога го наследи Маурицио Покетино и потпиша договор со 2023 година.
Засега на Португалецот не му цветаат розите, екипата игра слабо и лесно може да се случи да остане и без настап во Лигата на Европа, но Мурињо не е премногу загрижен.

– Колку време им требаше на Јирген и на Ливерпул? Четири години, четири сезони. Го купија најдобриот светски голман, најдобриот дефанзивец… Фокусиран сум на својот тригодишен договор и веруванм дека во тој период ќе освоиме трофеи – вели Мурињо.

Кога станува збор за претстојниот преоден рок Мурињо откри дека нема да има буџет од 100 милиони фунти за засилувања, колку што екипата издвои минатото лето.

– Јас работам за клубот, повторувам дека моите амбиции се исти, но сега сум во период во која помалку се гледам себе си и своите рекорди, а повеќе учинокот на клубот. Оптимист сум и убеден сум дека ќе направиме одредени промени во тимот и за тоа нема да ни бидат потребни многу пари како што беше случај минатото лето – додава Мурињо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот