Мурињо ја откри тајната на тренерските успеси: Ниту книги, ниту филмови, само искуство

Мурињо сезонава седи на клупата на Рома/ фото: EPA-EFE/MASSIMO PICA

Жозе Мурињо од оваа сезона седи на клупата на Рома и ќе се обиде да ја збогати богата колекција на трофеи која моменто брои 25 трофеи кои ги освои во Португалија, Ангија, Италија, Шпанија, во Лигата на шампионте и Лигата на Европа.

Португалецот е уверен дека трофејната колекција ќе се зголеми и додека седи на клупата на Рома.
– Сакам да клубот да му подарам титули бидејќи тие живеат од тоа. Титулите ги хранат навивачите, а сфатив дека љубовта кон Рома го преминува освојувањето на трофеи. Таа љубов е последица на вечна страст. Но, недостасуваат победи и ние сме тука да направиме проект кој ќе ги врати титулите. Доколку дојдат додека јас сум на клупата ќе биде перфектно, но и доколку не се случи тоа ќе биде одлично бидејќи сум поставил темели за иднината и остварувањата на соништата на навивачите на Рома – вели Мурињо во разговор за магазинот „Ескваер“.

Мурињо во седум кола во Серија А има скор од пет победи и два порази со Рома, а има и два триумфи во Лигата на конференции и тоа се резултати со кои челниците на „римската волчица“ се задоволни.
– Денеска повеќе се чувствувам како тренер отколку пред 10 или 20 години. Доколку тренерот не напредува, тогаш ја загубил страста и менталитетот кои му помагаат да биде напредува секој ден. Тоа не е работа во која е важна физичката подготовка како што е случај кај фудбалерите. Искуството е тоа што ве прави подобри и затоа јас размислувам само за наредниот натпревар. Сите трофеи кои ги освоив и натпреварите кои ги водев се наоѓаат во мојот џеб и ќе имам време да се навратам на нив кога ќе ја завршам кариерата. Сега единствено размислувам за наредниот натпревар – порачува Мурињо.

Португалецот потенцира дека фразата „тој кој знае се за фудбалот, не знае ништо за фудбалот“ е точна и смета дека ниту книгите ниту филмовите не можат да ве научат и да ве подготват да бидете добар и успешен тренер.

Ниту книгите, ниту филмовите, само животното искуство како маж и тренер. Таа фраза можеби е стара 20-тина години, но во денеска е уште поточна бидејќи фудбалот се развива во насока во која работата на тренерот е покомплексна од било кога – вели Мурињо кој додава дека тренерите мора да бидат запознаени со модерната технологија која е неизоставен дел од денешниот фудбал.

– Доколку тренерот не сака да знае ништо за технологијата, тогаш ќе „каска“ зад другите. На пример, ние во тренинг центарот имаме огромен екран кој е директно поврзан со дрон за време на тактичките тренинзи. Од дронот добиваме видео во реално време па можеме да го запреме тренингот и да видиме што сме работеле. Тоа е практична работа која ни помага на теренот. Кога зборувам за технологијата во фудбалот, секогаш споменувам дека Челси би играл во финалето на ЛШ со Милан доколку не беше „невидливиот гол“ против Ливерпул во полуфиналето. Технологијата ни помага и во анализите, скаутингот и други аспекти од нашата работа, тоа е корисна работа но не смеете да бидете опседнати со неа бидејќи ништо не може да ја замени интелигенцијата и способноста на човечкиот мозок – додава Муруњо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот