„Мундо“: Леванте не губи кога Барди постигнува голови!

фото:твитер

Македонскиот репрезентативец против Гранада го реализираше вториот погодок сезонава за Леванте во шпанската „Ла Лига“ сезонава.

Енис Барди постигна еден прекрасен погодок во трите важни бода за неговиот клуб во гостинската победа од 1:2 против Гранада во рамките од 17. коло во најсилното шпанско фудбалско првенство.

Со овој триумф (седми во „Ла Лига“) Леванте моментно е на 11. место со 23 бодови. Во наредното клубот ќе игра против Селта Виго дома на 22 декември, а три дена порано ќе има меч во Кралскиот куп против Мелиља.

Кога нашиот репрезентативец постигнува голови, во тој случај Леванте не губи, до таков податок дојде „Мундо Депортиво“.

Леванте е непоразен во 12 натпревари во кои Барди постигнувал голови во „Ла Лига“ од неговото доаѓање во екипата во 2017. година.

Во првата сезона за клубот во шампионатот имаше девет голови, по два против Барселона (5:4) и Атлетик Билбао (3:1), а по еден против Легањес (3:0), Еибар (2:2), Реал Сосиедад (3:0), Валенсија (1:1) и Депортиво Ла Коруња (2:2).

Лани имаше три погодоци, по еден против Жирона (2:1), Рајо Ваљекано (4:1) и Хетафе (1:0), а сезонава освен на споменатиот дуел со Гранада, стрелаше и во триумфот над Реал Сосиедад (2:1).

Кратко и едноставно, кога Барди постигнува гол во „Ла Лига“, тогаш Леванте не знае за пораз. Да додадеме уште дека тој има договор со клубот до 30 јуни 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот