Муцунски: Принципот победник со победник го наруши ДУИ и тој не важи повеќе, посакуван коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ се партиите од албанската опозиција

Тимчо Муцунски/ Фото: Архива на „Слободен печат“

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски за дневникот на Сител истакна дека принципот победник со победник не важи за ВМРО-ДПМНЕ затоа што истиот веќе бил нарушен од страна на ДУИ во 2016 година, како и дека посакуван коалициски партнер се партиите од албанската опозиција, а целта на ВМРО-ДПМНЕ е да се стигне до 61 пратеник и повеќе.

Муцунски посочи дека и анкетите покажуваат дека партиите од албанскиот опозициски блок се доближуваат до ДУИ, а може и да го надминат.

Принципот победник со победник беше нарушен од страна на ДУИ в 2016 година, што значи дека истиот веќе не треба да се применува. Наш посакуван партнер и тоа јавно го кажуваме, е коалицијата од албанската опозиција. Анкетите на јавното мислење и тие анкети кои внатрешно ги гледаме и тие кои се објавуваат покажуваат дека веќе навистина со рејтинг се доближуваат, а можеби и ќе го надминат ДУИ, но на граѓаните е да одлучат каков ќе биде резултатот, изјави Муцунски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот