МТСП: Тврдењата на ССМ се неосновани, до крајот на месецов ќе се изврши усогласување на минималната плата

Министерство за труд и социјална политика

Министерството за труд и социјална политика најостро ја демантира изјавата на Сојузот на Синдикати на Македонија во која тврди дека усогласувањето на минималната плата ќе се одложи за наредната година односно за 2022 година.

Усогласувањето на минималната плата ќе се направи во согласност со Законот за минимална плата и предвидените критериуми, најдоцна до оваа среда, 31 март 2021 година.

За таа цел наредната недела ќе се одржи и седница на Економско социјалниот совет.

Министерката Јагода Шахпаска за ниту еден медиум и во ниту една прилика не дала изјава дека ќе биде одложено усогласувањето на минималната плата. Тоа е законска обврска која целосно ќе биде спроведена.

Во однос на примената на измените на Законот за работни односи во делот на недела – неработен ден, ставот на Владата на Република Северна Македонија, уште на самиот почеток  беше јасен и прецизен, а тоа е дека законските измени ќе почнат да се применуваат по завршувањето на здравствената и економската криза предизвикана од пандемијата Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот