МТСП потсетува: Компаниите да исплатат празнична дневница на работниците што ќе работат на празник

Први мај -Денот на трудот согласно Законот за празниците е државен празник и е неработен ден за сите вработени.

Министерството за труд и социјална политика потсетува дека работниците кои работат на ден на празник определен со закон, согласно Законот за работните односи, имаат право на надоместок на плата и додаток на плата.

Согласно Законот, работодавачот е должен за работа на државен празник претходно писмено  да го извести подрачниот државен инспекторат за труд.

Секое прекршување на регулативата работниците можат да го пријават во Државниот инспекторат за труд на телефонскиот број 151 31 или на мејлот [email protected]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот