Можев да бидам како Меси и Роналдо, ама не сакав

EPA/Chema Moya

Поранешниот холандски репрезентативец Весли Снајдер истка дека не жали како се развивала неговата кариера иако и самиот е свесен дека можел да направи многу повеќе.

Холанѓанецот 17-годишната кариера ја заврши во 2019 година во Ал-Гарафа.
– Можев да бидам како Меси или Кристијано Роналдо, но едноставно не сакав – изјави Снајдер во разговорот со познатиот италијански новинар Џанлука ди Марцио.

– Уживав во животот, додека Лео Меси и Кристијано беа тотално поинакви. Многу се жртвуваа поради своите кариери. Меѓутоа не жалам за ништо, имав одлична кариера – додава Снајдер.

Весли Снајдер во кариерата настапуваше за Ајакс, Реал Мадрид, Интер, Галатасарај, Ница и Ал-Гарафа, а вкупно освои 20 клупски трофеи од кои најважен беше тој од Лигата на шампионите кога со Интер во 2010 година во финалето го совлада Баерн Минхен.

Со холандската репрезентација беше вицешампион во 2010 година, а четири години подоцна во Бразил го освои третото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот