Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Драчево

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

Мотоциклист на дваесет и двегодишна возраст е тешко повреден во сообраќајка која се случила вчера во Драчево.

„На 03.03.2024 во 19.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Иван Хаџиниколов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(51) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(22) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ “, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот