Мостот Гоце Делчев од денеска отворен за сообраќај

Град Скопје информира дека градежните екипи на Градот, вчера ги завршиле градежните активности за „Реконструкција на дилетации на мост Гоце Делчев во двата правци“ и од денеска сообраќајот на мостот се одвива непречено.

За време на градежните активности, кои се одвиваа 40 дена, на овој потег беше воспоставен привремен соображаен режим.

„Со овој тип на реконструкција на дилатационите спојки на мосот,  градежен зафат кој не беше изведен на мостот во изминатите 13 години, значително се зголемува безбедноста на мостот“, велат од Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот