Монд: Руски шпиони на АЛПИТЕ имале ГЛАВЕН КАМП за операции во Европа

Руски шпиони ги користеле Француските Алпи како главен камп за операции во цела Европа, објави денеска весникот „Монд”.

Според медиумот, 15 припадници на руското воено разузнавање биле активни на континентот од 2014 година, Тие последен пат преминале преку Франција во септември 2018 година.

Разузнавањето на Франција, Швајцарија и Велика Британија презеле операции за потрага по руските шпиони. Еден од тие 15 агенти бил идентификуван од британските служби како еден од тројцата извршители на анапдот во Солсбери во март минатата година во кој беше отруен со Новичок Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија.

Весникот тврди дека шпионите немале никакви операции во Франција, но неколкупати биле во мали градови како Анмас, Шамони и во Евијан.Тие според медиумот, дејствувале во Велика Британија, Бугарија, Црна Гора, Крим, Молдавија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот