Момчиња од Австралија намамиле педофил, па го претепале до смрт

Како што пренесуваат локалните медиуми, се верува дека тинејџерите стапиле во контакт со Питер преку една позната интернет страница за запознавање, а после допишувањето договориле средба.

Полицијата во Нов Јужен Велс уапси 17-годишен тинејџер, а против две момчиња на иста возраст е поднесено обвинение поради сомнение дека до смрт го претепале 56-годишниот Питер Килеј.

Телото на мажот било пронајдено на 2 февруари во грмушка во близина на улица во австралискиот град Брули со бројни повреди на главата и лицето, а полицијата деновиве уапси тројца тинејџери под сомнение дека го сториле злосторството.

Како што пренесуваат локалните медиуми, се верува дека тинејџерите стапиле во контакт со Питер преку една позната интернет страница за запознавање, а после допишувањето договориле средба.

„Осомничените со жртвата комуницирале преку една позната апликација за запознавање. Запленети се нивните телефони и компјутери, а истрагата треба да покаже во која насока одела таа комуникација“, соопштија од тамошната полиција.

Се верува дека момчињата намерно го намамиле Питер затоа што верувале дека е педофил и намамува млади деца. Поради тоа, го претепале до смрт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот