Момче загинало обидувајќи се да спаси жена во ужасното стампедо во Сеул

Сеул стампедо жртви/ Фото EPA-EFE/JEON HEON-KYUN

19-годишниот Ким Дае-Хуи дошол да положи цвеќе за својот пријател Рау, кој загинал во саботата вечерта за време на стампедото во Сеул.

Рау му се јавил на Ким од преполната уличка. Тој му рекол дека се обидува да ја спаси жената до него. Потоа кажал дека раката на жената станала ладна и одеднаш ја спуштил слушалката.

Тоа бил последниот разговор што Дае-хуи го имал со својот пријател, пишува Би-Би-Си.

Следното утро го видел Рау на едно од видеата од инцидентот на социјалните мрежи. На видеото тој бил блед и вознемирен. Неколку часа подоцна, на Дае-хуи му било кажано дека неговиот пријател починал.

Рау имал 21 година. Тој се преселил од Малезија во Сеул минатиот јануари. Работел во градежништво за да го издржува семејството, но сонувал еден ден да биде моден дизајнер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот