ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Нови снимки од трагичното стампедо во Сеул

Фото: Reuters/Twitter

Медиумите објавија вознемирувачки снимки од смртоносното стампедо во Итаевон, близу главниот град на Јужна Кореја, Сеул, во кое загинаа над 150 луѓе. На новите снимки, кои постојано се објавуваат и на социјалните мрежи, се гледа како илјадници луѓе се собрани во тесна уличка, на местото на кое имало голем настан за одбележување на „Денот на вештерките“.

Фото: Твитер/принтскрин

Сведоци велат дека имало голема тензија во толпата пред да се случи трагичната турканица, а полицијата имала проблем да ја контролира масата луѓе.

Досегашниот биланс е 151 загинат и 82-ца повредени. Повеќето од загинатите се тинејџери и млади луѓе на возраст меѓу 20 и 30 години. 19 од жртвите се странски државјани, соопштија властите, кои прогласија национална жалост.

Предупредуваме дека дел од снимките се вознемирувачки и можат да предизвикаат трауми кај дел од читателите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот