Моди вели дека врските на Индија со Русија не се општо прифатени во САД

Владимир Путин и Нарендра Моди
Владимир Путин и Нарендра Моди / Фото: EPA-EFE/HARISH TYAGI

Индискиот премиер Нарендра Моди рече дека критиките за позицијата на Индија за улогата на Русија во Украина не се општо прифатени во САД.

Запрашан во интервју за „Волстрит Журнал“ за критичките коментари во САД дека Индија не зазема построг став за руската инвазија на Украина, Моди рече: „Не мислам дека таа перцепција е широко прифатена во САД“.

„Позицијата на Индија е многу добро позната и разбрана од целиот свет. Светот верува дека мирот е главен приоритет на Индија“, додаде тој.

Моди денеска тргна на официјално патување во САД што треба да биде пресвртница во билатералните односи, со фокус на зајакнување на соработката во одбраната и високата технологија.

Њу Делхи одбива да го осуди својот стар сојузник Русија за војната во Украина и ја подигна трговијата со Москва на рекордно ниво, најмногу благодарение на увозот на руска нафта.

Претседателот Џо Бајден сака да ги зајакне врските со Индија, како дел од напорите да се победи, како што тој го нарекува судир меѓу слободните и автократските општества, со особено осврт на Кина.

„Моди повика на реформа на глобалните институции како ОН, за тие да бидат повеќе во согласност со мултиполарниот светски поредок и да ги претставуваат посиромашните земји во поголема мера“, пишува весникот.

Индија исто така сака да стане постојана членка на Советот за безбедност на ОН. „Светот треба да праша дали Индија сака да биде таму“, рече Моди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот