Модернизација на АРМ со финансиска помош од САД

Четири земји од Западен Балкан добија финансиска помош од 110 милиони долари од САД за набавка на оружје, како дел од ERIP-програмата за замена на борбените системи од Советскиот Сојуз со оружје од западно потекло.

Како што објави порталот Балканска безбедносна мрежа (истражувачки портал на новинари и уредници од ЈИЕ на теми од одбраната и бебедноста), Пентагон делумно ќе ја финасира набавката на борбени возила за Армијата на Северна Македонија и на Хрватска, како и за повеќенаменски хеликоптери за Вооружените сили на Босна и Херцеговина и Албанија.

Програмата ERIP (European Recapitalization Incentive Program) покрената е од страна на Владата на САД во 2017 година со почетен буџет од 190 милиони долари со цел на владите на шест источноевропски земји да им се помогне во замената на советската технологија во своето вооружување.

Прочитајте и...  ВО ЖИВО: Нов протест во Белград, градот под полициска опсада

Покрај Северна Македонија, Албанија, Хрватска и БиХ кои имаат добиено 110 милиони долари, со програмата се опфатени и Грција со 25 милиони и Словачка со 50 милиони долари.

Како што наведува истражувачкиот тим на Балканската безбедносна мрежа, за разлика од наведените земји, во најдобра ситуација со програмата ERIP е Северна Македонија, која за замена на 22 борбени возила со гасеници (11 БМП-2 и 11 МТ-ЛБ) има добиено 25 милиони долари.

– 25-те милиони долари не се доволни за замена, но можно е преку донација на користени Bredli или M113 да се направи најнапредната достапна модернизација. Исто така, можно е да се купат нови борбени возила на пешадијата од американско потекло, со што значително ќе се зголемат оперативните способности на Армијата на Северна Македонија – наведуваат од Балканска безбедносна мрежа.

Прочитајте и...  Сончево време со температура до 33 степени

Покрај Северна Македонија и Хрватска ќе добие 25 милиони долари за замена на оружје од југословенско и советско потекло, за БиХ се наменети 30 милиони долари, исто колку и за Албанија.

– Интересно е што економски силните земји, како што се Полска, Чешка и Унгарија, кои имаат руска технологија, се изоставени од програмата. Дали поради тоа што немаат потреба од финансиска поддршка или поради тоа што веќе имаат сериозни договори со европските производители на оружје – се наведува во текстот на Балканска безбедносна мрежа.

Порталот наведува дека оваа програма започнала како резултат на тензиите во односите меѓу Западот и Русија, што го поттикнало Вашингтон да ја започне програмата за финансирање со која источните земји од НАТО ќе почнат да го заменуваат советското и руското воружување со опрема од западно потекло.

Прочитајте и...  Јанев: Имам негативен тест за Ковид-19 и нема потреба да бидам во изолација

Прочитај повеќе

Градоначалникот на Сеул е пријавен за исчезнат

Слободен печат

Македонија лидер во регионот по употреба на бесконтактна технологија

Слободен печат

Богојески: Само гласот за број 10 е глас за победа на граѓаните врз политичарите

Слободен печат

Како поседувањето сопствен дом ќе ви помогне за подобра финансиска стабилност?

Слободен печат.

Расте бројот на заразени со коронавирусот во Свети Николе

Слободен печат

Николовски од Кочани: За шест години ќе го затвориме преговарачкиот процес со ЕУ, а европското право ќе се преведе на македонски јазик

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Стојаноска: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе издвојува денар за спортот и денар за културата од акцизите за горива

Слободен печат

Ангеловска со отчет за сработеното (ВИДЕО)

Слободен печат

Дискотеките и баровите во Бугарија ќе работат само на отворено, забранети свадби и крштевки

Слободен печат

Уште еден авио гигант „потклекна“ пред кризата: „United Airlines“ отпушта 36 илјади вработени

Слободен печат

Филипче: Болниците имаат доволен капацитет, продолжуваме со пристапот на дијагностицирање и асимптоматски ностители

Слободен печат

Скопје го доби првиот кафе бар каде се служи со знаковен јазик (ФОТО)

Слободен печат