Многу отворени прашања по посетата на СЗО во Институтот за вирусологија во Вухан
Светската здравствена организација (СЗО) помина три и пол часа по посетата на Институтот за вирусологија во Вухан, каде го истражува потеклото на коронавирусот. За Институтот има недокажани обвинувања дека можеби е поврзан со првичното избивање на епидемијата на Ковид-19 во Вухан.
Повеќето научници ја отфрлаат оваа претпоставка, но некои тврдат дека вирусот, кој првично имал природно потекло, бил користен во лабораториски експерименти со луѓе и бил пренесен надвор од лабораторијата преку заразен вработен.
„Многу интересно. Многу прашања”, рече Теа Фишер, дански стручњак кој е дел од тимот на СЗО, по напуштањето на лабораторијата, на прашањето дали тимот пронашол нешто.
Некои научници ја повикаа Кина да сподели информации во врска со примероците на коронавирус кои биле проучени во лабораторијата во Вухан, за да се утврди кој од нив најмногу личи на коронавирусот.
Светската здравствена организација соопшти дека посетите на нејзиниот тим на Кина ќе бидат организирани од кинески домаќини и дека официјалните лица на СЗО нема да можат да разговараат со локалното население поради ограничувањата воведени поради коронавирусот.
Институтот, кој денеска беше под силно обезбедување, е меѓу водечките истражувачки лаборатории во Кина за вирусологија и има архива на генетски информации за коронавирусите.
Кина категорично ја отфрла можноста дека Институтот можеби е поврзан со првичното избивање на епидемијата на Ковид-19 во Вухан и смета дека потеклото на вирусот може да биде на друго место или да е увезено од странство преку контаминирана замрзната морска храна, што, пак, генерално го одбиваат меѓународните научници и агенции.