Младите „металци“ немаа решение за мотивираниот Пелистер

Фото: kfsm.mk

Не сакаа „зелено-белите“ ништо да препуштат на случајноста, уште во раната фаза од мечот во СЦ „Јане Сандански“ стигнаа до комотна разлика, која од минута во минута само ја зголемуваа, и стигнаа рутински до планираната цел – двата бода.

Пелистер успеа со 81:95 (14:23, 27:28, 18:32, 22:12) да слави против МЗТ Скопје Уни Банка, најефикасни стрелци во победата беа Кесар со 25 поени (пет скока) и капитенот Трајковски со 20 поени (13 скока), следен од Малешевиќ со 18 поени (девет скока, пет асистенции). На спротивната страна 27 поени и 12 скока запиша Монтгомери, 14 поени и седум скока беа дело на Андоновски.

Предноста која битолчани ја имаа на полувремето (51:41), беше реализирана во првата четвртина, која ја решија во своја корист со (23:14). Прво полувреме во кое двоецот Малешевиќ-Кесар искомбинира 31 поен кај Пелистер, додека пак Монтгомери беше на еден скок од „дабл-дабл“. За нецели 19 минути на теренот Американецот во редовите на МЗТ Скопје Уни Банка имаше скоро половина од тимските поени (18) и скокови (9).

На почетокот на второто полувреме, Стајиќ стана третиот „двоцифрен“ играч на Пелистер кој веќе имаше уште поубедливи (63:48). На истекот на третиот период лидерот во шампионатот веќе „бегаше“ со недостижни 25 поени – (81:56) и гостите од Битола ја оправдаа фаворитската улога.

Денеска се одигра уште еден меч Вардар како домаќин со 95:86 триумфираше над Кожув. Прв стрелец во триумфот беше Дикембе со 20 поени (13 скока), а во поразените редови не беа доволни 32 поени на Силаџи (12 скока).

Табела: Пелистер 24 бодови, ФМП Академија 21, Гостивар 20, ТФТ Скопје 19, Еуро Никел 19, Куманово 18, Црн Друм 16, МЗТ Скопје Аеродром 15, Работнички 15, Вардар 15, МЗТ Скопје Уни Банка 14.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот