Младите фудбалери на 3. септември ќе играат против европскиот шампион

ffm.mk

УЕФА по одредувањето на календарот за репрезентативните настапи на сениорите, ги одреди и термините кога репрезентацијата до 21 година ќе ги продолжи настапите во квалификациите за Европското првенство.

Младите надежи своите настапи ги продолжуваат на 3. септември кога во Скопје доаѓа актуелниот европски шампион, селекцијата на Шпанија, а во септемврискиот циклус избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе играат и со Фарски Острови и тоа на гости.

Македонија се наоѓа во група со Шпанија, Израел, Црна Гора, Казахстан и Фарски острови и по четири наптревари има освоено седум бода.

Во октомври младите фудбалери прво ќе му гостуваат на Казахстан, а потоа ќе ја пречекаат Црна Гора, додека квалификациите завршуваат во ноември со дуелите против Израел.

Распоред на натпревари за репрезентацијата до 21 година
3 септември Македонија – Шпанија
8 септември Фарски Острови – Македонија
8 октомври Казахстан – Македонија
13 октомври Македонија – Црна Гора
12 ноември Израел – Македонија
14/15/17/18 ноември Македонија – Израел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот