Младиот македонски репрезентативец Симуновиќ го продолжи договорот со Партизан

Фото: facebook.com/FKPartizanBG

Денеска Партизан на својот официјален веб сајт ја информираше јавноста дека е продолжена соработката со младиот репрезентативец на Македонија, Марко Симуновиќ (20).

Нашиот играч настапува на позицијата десен бек, и како што соопштуваат од српскиот гигант преостанатиот дел од тековната сезона ќе го продолжи со настапи во ФК Телеоптик.

Неговиот претходен договор истече на лето, а со последната одлука, управата не дозволи играчот да си замине без обештетување и можно е да добие повеќе шанси во наредниот период.

Имајќи предвид дека тој е сè уште млад, се проценува дека е најдобро за развојот на Симуновиќ да добие минутажа во филијалата, Телеоптик, под стручен надзор на тренерот Алберт Наѓ и да се види наредното лето дали заслужува трансфер во првиот тим.

Беше дел од У16 и У17 селекциите, а лани и како У21 репрезентативец со два контролни натпревари против У19 на тренинг кампот во Охрид кој го организираа Милевски и Арслани.

Партизан го ангажираше од скопски Вардар, а играше на позајмица во Сетубал, Раковица и Рад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот