Митрески: За укинување на техничката влада потребен е консензус од четирите најголеми партии

Јован Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ / Утрински брифинг
Јован Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ / Утрински брифинг

За СДСМ не е спорно укинувањето на техничката влада, но спорно е дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е без консензус од четирите најголеми парламентарни партии, како и тајмингот на поднесување, бидејќи опозициската партија инсистира на брзи предвремени парламентарни избори, изјави Јован Митрески координатор на пратеничката група на СДСМ.

-Техничката влада беше формирана после Пржинскиот договор за да се оддржат фер и демократски избори во 2016 година. По губењето на власта, ВМРО-ДПМНЕ беше против укинувањето на пржинската влада. Мора да констатирам дека добро е што сега ВМРО-ДПМНЕ смета дека има институции кои можат да спроведат фер и демократски избори. Иако ВМРО-ДПМНЕ велат дека предлогот не е услов за брзи избори,  јансо е дека изборите се услов. Спорни се две работи, прво начинот на кој е доставен предлогот, односно за пржинсата влада треба да има консензус помеѓу четирите најголеми партии, а не да го достават едностарно, и второ тајмингот, кога сите знаеме дека предвремени парламентарни избори ќе нема, туку редовни во 2024 година и има време четирите партии да разговарат за тоа. Безидејноста на ВМРО-ДПМНЕ е дека нема што да понуди, туку прави театар за јавноста – рече Митрески.

Адеми: Поддржуваме укинување на пржинската влада, но законот треба да се предложи со консензус

Мицевски: Очекувам власта да го поддржи укинувањето на пржинската влада

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот