Мицевски: Очекувам власта да го поддржи укинувањето на пржинската влада

Мицевски за „Слчободен печат“ потврди дека нема намера да оди на координациите кај Џафери по разрешувањето на Зендели / СП. архива

Македонија и нејзините граѓани не смеат да живеат во неизвесност за својата иднина и затоа ни се потребни брзи предвремени избори. ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието поднесе Предлог закон за изменување на Законот за Влада со кој бараме бришење на одредбите кои предвидуваат 100 дена пред избори да се избира преодна влада, рече Никола Мицевски координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по поднесувањето на предлогот до Собранието.

-Кога се актуелни неколку кризи и кога владее општ хаос во државата, Македонија не смее да губи ниту еден ден, а камоли 100 дена техничка влада која нема да реши ниту еден проблем со кој се соочуваат граѓаните. Втората клучна интервенција е дека бараме овој предлог закон да биде ставен како точка на дневен ред на седницата в среда. Затоа законот го поднесуваме во скатена постпка. На координација го понудивме Предлог законот, но власта не се изјасни. Очигледно дека тие немаат став за надминување на оваа катастрофална состојба во Македонија. Како пратеници очекуваме барањето да се стави на дневен ред  на седницата в среда – рече Мицевски.

Тој сепак очекува Предлог-законот да биде прифатен од власта и како што вели тој не е услов за брзи предвремени изботи, туку дека пржинската влада се покажала како нефункционална.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот