Адеми: Поддржуваме укинување на пржинската влада, но законот треба да се предложи со консензус

Добро е да има консензус за укинување на пржинската влада според претходно воспоставената пракса за закони кои се донесени со консензус, вели Арбр Адеми, координатор на пратеничката група на ДУИ за Предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на техничката влада 100 дена пред избори.

-Имаме договор со СДСМ и со ВМРО-ДПМНЕ да се укине техничката влада, но ваков предлог треба да се предложи со консензус. Има време за да се анализираат најдобрите решенија и за укинувањето на пржинската влада и за некои други прашања. Немаме против укинување на техничката влада. Но, за вакви решенија претходеле дискусии од партиите и не е добро еднострано да се предлага ваков закон – вели Адеми.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот