Мишел: Мирот во Либија е од исклучителна важност за ЕУ

Време е за да се консолидира примирјето, да се почитува ембаргото на оружје на ОН и повторно да започне политичкиот процес- напиша на Твитер, Мишел.

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, пред почетокот на конференцијата во Берлин посветена на Либија, изјави дека мирот во оваа земја е од исклучителна важност за Европската Унија.

-Време е за да се консолидира примирјето, да се почитува ембаргото на оружје на ОН и повторно да започне политичкиот процес- напиша на Твитер, Мишел, заблагодарувајќи се на канцеларката Меркел, за организацијата на оваа конференција.

Мишел на оваа конференција присуствува заедно се претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен и шефот на надворешната политика на ЕУ, Жозеф Борел.

-Ова е потребно за Либанците и е од суштинско значење за сигурноста и стабилноста на ЕУ-додаде тој.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот