Мишел: ЕУ ќе се координира за воведување на брзи корона тестови и за вакцините

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел се заложи денеска за воведување на брзи тестови на коронавирус во Европската унија и за координација во врска со идната вакцина.

„Сега ни е потребна одлучна акција, превенствено на европско ниво, засновано на два столба: тестирање и следење на вакцината“, рече Мишел два дена пред самитот на ЕУ за пандемијата од коронавирус.

Мишел се заложи за координација на одобрувањето на брзи (антигени) тестови за да се „гарантира нивното признавање на европско ниво и за да им бидат достапни на сите и секаде“.

Претседателот на Европскиот совет исто така побара ускладување на апликациите за барање и предупредување на луѓето кои биле во контакт со заразено лице, како и координирање на заедничките правила за изолација и карантин.

Што се однесува до вакцините, Мишел сака да се утврдат критериуми за дистрибуција според европските земји и дефинирање на „приоритетните групи“ во кои би се вклучиле најчувствителните лица – старци, хронични болни и здравствени работници.

Шефовите на државите или владите на ЕУ треба во четворток, на 29 октомври, на видео самит да разговараат за пандемијата од коронавирус зошто на претходниот самит, на 15 и 16. октомври, се договорија тоа редовно да го разгледуваат.

Во земјите на Европа во тек е „втор бран“ од пандемијата, и тие последните денови ги зголемуваат ограничувањата поради сузбивање на ширењето на инфекциите.

(Извор: Бета)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот