Мишел: ЕУ ја поддржува целосната имплементација на нуклеарниот договор со Иран

Фото: EPA-EFE/JOHN THYS / POOL

Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, денеска изјави дека во разговорите со иранскиот претседател Хасан Рохани потврдил дека ЕУ ја поддржува целосната имплементација на нуклеарниот договор постигнат во 2015 година меѓу Иран и најголемите нуклеарни сили.

-Во моментов е најважно да се зачува просторот за дипломатија и позитивните чекори, рече Мишел.

Британските медиуми јавија дека врховниот ирански верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи, неделава ги повика САД на „акција, а не на зборови” доколку сакаат да се вратат на иранскиот нуклеарен договор, што ќе ја пренасочи иранската нуклеарна програма во замена за укинување на санкциите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот